Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
izgradba-most-asnom-avgust-2021-1

Освен нивелирани шахти и мобилни тоалети Арсовска нема сработено ниту еден конкретен проект, вели СДСМ.

— реклама —

„Изминаа 82 дена од нејзиниот мандат, а граѓаните на Скопје од Арсовска видоа само партизација на градската аминистрација и изземање од одговорност за своите надлежности, наместо решенија и проекти.

— реклама —

Мостот во Аеродром досега требаше да биде завршен. Универзалната сала требаше да биде обновена. Требаше да завршат и реконструкциите на десеттина улици.

— реклама —

Во отчетот Арсовска изостави неколку работи кои го одбележаа нејзиниот мандат и менаџерски способности: прекин на проектот Бас рапид транзит, ја закочи изградбата на двата нови моста, ја закочи Универзална сала, поништи оглас за вработување на 20 пожарникари. Целосно ги партизираше јавните установи и Град Скопје.

— реклама —

По првите 82 дена од мандатот, станува јасно дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања