Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Мотоциклистот имал алкохол во крв, за 24 годишниот возач престогнувал кога се судрил со него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
soobrakajka-gjorce

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Вчера попладне осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ со скопски регистарски ознаки и на улицата “Ацо Шопов” со возилото се движел зад автомобил „Пежо 2008“. Меѓутоа, не ги почитувал надолжните ознаки на коловозот, односно надолжно обележана бела полна линија и со возилото преку полната линија започнал да го престигнува автомобилот „Пежо”, управувано од друга учесничка.

— реклама —

Спротивно на прописите за безбедност на сообраќајот, осомничениот преминал на дел од коловозот наменет за движење на возилата од спротивната насока, па директно се судрил со мотоцикл „Сузуки“ кој доаѓал од другата страна.

— реклама —

Возачот на мотоциклот управувал без возачка дозвола и со неприлагодена брзина, а по сударот со телото удрил во плетена жичана ограда и паднал на коловозот. Од ударот се здобил со тешки телесни повреди и починал на КАРИЛ.

— реклама —

По наредба на јавен обвинител, веднаш по настанот земени се примероци од крв на сите тројца учесници во сообраќајната несреќа, при што кај осомничениот и другата учесничка не е утврдено присуство на алкохол или други опојни средства, додека присуство на алхохол во крв од 0,56 промили е евидентирано само кај сега починатиот мотоциклист.

Со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, како и привремено одземање на возачка дозвола, односно забрана за нејзино издавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 3 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања