Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Можно е некој намерно да ставил вистински куршуми во пиштолот што ја уби Хачинс, вели адвокатот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
ebb5d7be-3f32-42e5-9e28-a552a32f2cb0

Адвокатот на член на персоналот кој го надгледува оружјето што се користело на снимањето на Rust сугерира дека некој намерно ставил вистински куршум во пиштолот на Алек Болдвин кога случајно ја застрела камерманката Халина Хачинс.

„Можно е некој намерно да ставил вистински куршуми во пиштолот-реквизит што ја уби Хачинс,“ изјави Џејсон Боулс, адвокат на оружарката Хана Гутиерез.

— реклама —

Боулс тврди дека неговата клиентка, Хана Гутиерез, извадила муниција од кутија за која верувала дека има само лажни куршуми кои не можат да испукаат.

Тој сугерира дека некој намерно ставил вистински куршуми, кои личат на лажни.

— реклама —

„Сметаме дека некој намерно го саботирал сетот со тоа што подметнал жив куршум во кутија со лажни“, рече Боулс за „Добро утро, Америка“ на телевизијата „Еј-би-си“.

„Не велиме дека некој имал намера да предизвика трагедија со убиство“, додаде тој. „Но, тие сакале да направат нешто за да предизвикаат безбедносен инцидент на снимањето. Тоа е она што веруваме дека се случило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања