„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МПЦ ретерира , нема да го меннува името

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mpc-1

Црковните великодостојници го потврдија ставот дека името на Македонската православна црква останува непроменето. Во годината кога се одбележува јубилејот 1000 години Охридска архиепископија, Архиепископскиот црковно- народен Собор на јубилејното заседание што се одржува во Струга и Охрид донесе Резолуција во која првиот заклучок се однесува за неменување на името на МПЦ.

— реклама —

Членовите на Црковно- народниот собор воедно упатуваат апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучителен и полн со предизвици период за нашата земја, да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовниот идентитет на македонскиот народ и се што е Македонско, изјави Митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ – ОА.

Со Резолуцијата која Соборот ја усвои по пет часовна работа зад затворени врати, се врши измена на повеќе членови на Уставот на црквата, меѓу другото и на името на МПЦ и титулата на поглаварот.

— реклама —

Се дополнуваа чл. 2 од Уставот на МПЦ, кој ќе гласи: „Македонската православна црква- иаториска и правна наследничка на Охридската Архиепископија и на Јустинијана Прима, има достоинство на Архиепископија и се именува Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија, а во комуникацијата Македонска православна црква“.

Се дополнува чл. 9, став 2 од Уставот на МПЦ кој ќе гласи: „Титулата на Архипископот е Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и се ословува со „Ваше Блаженство“, соопшти митрополит Тимотеј.

Соборот го корегира и член 23 од црковниот Устав со што викарните епископи се исклучуваат од Пленарниот состав на Синодот и немаат право на глас. Усвоена е и одлука за поделба на Полошко-кумановска епархија на две засебни: Тетовско–гостиварска и Кумановско-Осоговска православна епархија. Прецизирани се границите на епархиите во земјата и дијаспората, кои со уставните измени добиваат засебен правен статус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања