Промени тема
Контакт

„Мрачни финансии“ - импресивна студија на случај на криминал, политичка драма и политички трилер за владеењето на Никола Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
gruevski

Книгата „Мрачни финансии“ од Фабио Матиоли, издадена од Универзитетот Стенфорд, за годините на владеењето на Никола Груевски, е импресивна студија на случај на криминал, политичка драма и политички трилер, објави dw.com. 

Има малку книги во кои систематски и на анатомски начин е претставен авторитаризмот во Македонија за време на владеењето на Никола Груевски. Една од нив е „Заробена држава“ на долгогодишниот новинар и аналитичар, Манчо Митевски, издадена во 2017 година, во која тој ги детализира сите фази на она што го оквалификува како „политички организиран криминал“. Објективно, Македонија е на маргините на Европа, иако е дел од нејзиниот центар. Деценискиот спор со Грција беше една од препознатливите одредници за нашата држава (ако го исклучиме мирното заминување од СФРЈ и конфликтот од 2001 година), а потоа се најде на насловните страници на многу светски медиуми и во критичките опсервации на стручни списанија со дизнилендскиот проект „Скопје 2014“. Потсмевот за потрагата по нов национален идентитет длабоко во антиката поттикна многу странски политички истражувачи и научници да погледаат подлабоко зад гипсените фасади и да дознаат каков тоа режим се решил да примени генетски инжинеринг. И дали зад античко-барокно-неокласицистичката бркотница во центарот на Скопје во основа се крие нешто друго: етаблирање на нова олигархија која сака да ги држи сите узди на финансиските текови во свои раце преку политичката моќ.

— реклама —

Еден од резултатите на овие научни истражувања е книгата Фабио Матиоли „Мрачни финансии: неликвидност и авторитаризам на маргините на Европа“. Матиоли е предавач по социјална антропологија на Школата за социјални и политички науки на Универзитетот во Мелбурн. Неговиот интерес за научно проучување на груевистичките години не е поврзан само со оваа книга, тој има објавено петнаесетина научни статии за она што го нарекува „авторитаризмот во Македонија“ во различни списанија – од научни до политички. Трудот „Мрачни финансии“ (248 страници) на некој начин е врв на целото тоа негово истражување за годините на груевизмот. Книгата на Матиоли ја издаде престичниот американски универзитет Стенфорд во 2020 година.

Кит Браун од Државниот универзитет на Аризона го напиша ова за „Мрачни финансии“: „Ова е една од најпривлечните, најубедливите и најстудените анализи за местото на Северна Македонија во глобалната економија и циничната експлоатација на народот од неговата избрана влада, што сум ја прочитал во последната деценија“.

— реклама —

Текстот во целост на:  dw.com. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања