Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мртвиот гавран со западнонилска треска во Ресен е аларм за локална циркулација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypjp4cjkfhk0e8IlUaB6
unsplash

Присуството на вирусот на западнонилска треска е потврдено и кај мртов гавран пронајден во Ресен, со што ова е втор регистриран случај кај угината птица во земјава. Претходно вирусот беше потврден кај мртов гавран пронајден во централното подрачје на Скопје, во близина на Вардар.

— реклама —

Министерот за здравство Сашо Клековски оцени дека наодот во Ресен е показател за локална циркулација на вирусот, имајќи предвид дека гавраните главно се стационарни птици и не спаѓаат во преселните видови.

„Агенцијата за храна и ветеринарство го потврди мртвиот гавран со вирус на западнонилска треска во Ресен, во централното подрачје, во паркот покрај општината. Гавранот е генерално стационарна птица, значи не е птица преселница, и пронаоѓањето на мртвиот гавран е показател на локална циркулација на вирусот на западнонилска треска“, изјави Клековски.

— реклама —

По потврдениот наод, веднаш биле известени Центарот за јавно здравје Битола и градоначалникот на Општина Ресен. Министерот очекува локалните надлежни служби да ги преиспитаат плановите за третирање против комарци и, доколку има индикација, да започнат со прскање.

— реклама —

На интернет-страницата healthalert.mk, каде што се објавуваат податоци за регистрираните случаи на западнонилска треска, засега нема пријавен случај на заразено лице од Ресен.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство го засили надзорот на целата територија на државата со цел да се утврди состојбата со западнонилската треска кај птиците. Се земаат примероци за лабораториско испитување, а надзорот опфаќа различни видови домашни и диви птици, меѓу кои кокошки, мисирки, фазани, еребици, гуски, пајки, лебеди, штркови, чапји, соколи, галеби, страчки, бувови, корморани и јастреби.

— реклама —

Надлежните апелираат до граѓаните да пријавуваат поголем број угинати диви птици забележани на исто подрачје во краток временски период, особено ако станува збор за гаврани или други диви преселни птици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања