Завчера службите на општина Карпош поставија столпчиња на паркингот во Лептокарија за да се овозможи простор за минување на пешаци. Вчера едно од столпчињата е урнато од несовесен возач. Сопственикот на возилото е пријавен во Пајак службата на Град Скопје.
-Апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно и да не ја уништуваат урбаната опрема, објавија од Општина Карпош.