Му ветил дека ќе му донесе водовод ако организира група жители да гласаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „поткуп при избори и гласање“ по член 162 од Кривичниот законик. На 16.10.2021, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворно место на Ш.Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од околу 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.

— реклама —

По преземени мерки било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш.Ш. требало да организира група жители кои на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања