Промени тема
Контакт

Муцунски: Фокусирани сме на реализација на многу проекти, да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ може да ја води Македонија подобро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mucunski-222

По убедливата победа фокусот е на реализација на многу проекти на решавање на многу проблеми, бидејќи нашата цел е преку пракса на добро владеење граѓаните да видат не само ветувања туку и реализација и да покажеме дека ВМРО-ДПМНЕ има сила енергија да ја води Македонија поинаку, а работата која ќе ја покажеме на локално ниво да биде дополнителен мотив граѓаните да ни ја дадат довербата на предвремените парламентарни избори и да покажеме дека Македонија може да успее, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

- Како градоначалник создавам тим, луѓе кои соработуваат и сме мотивирани. Кренавме висок праг на очекувања и ние не сакаме да ги разочараме граѓаните. Затоа и имавме јавна презентација на буџетот, граѓаните да видат што ни е планирано, а сега останува да реализираме многу работи што сме ги ветиле и да бидеме фокусирани кон сите цели и реализација на се што сме ветиле, рече Муцунски.

Тој сепак додаде дека енергетската криза создава дополнителни проблеми, како и тоа што централната власт не ги зголемува дотациите со што градинките и училиштата се изложени на поголеми трошоци, и граѓаните треба да го знаат тоа.

— реклама —

Муцунски се осврна и на тоа дека со СДСМ и ДУИ освен корупција скандали и неуспех, друго не сме виделе што може да се оквалификува како позитивен резултат, што дополнително не прави помалку привлечни за странски инвестиции.

- Тоа што се случува во правосудство и борба против корупција треба да се гледа низ две призми, прво што е направено за време на оваа власт и кои законски измени се направени во борба против корупција, но не се сеќавам на такво нешто. Втора работа е што се случува во обвинителството и во судовите. Имаме систем кој функционира во крајно лоши услови каде свесно е потценета улогата на судиите и обвинителите за полесно да се влијае на нивното функционирање и да бидат подложни на притисок од политички чинители, рече Муцунски.

— реклама —

Во однос на економијата Муцунски посочи дека граѓаните перцепцијата најдобро ја гледаат кога ќе влезат во еден маркет кога ќе видат колкава е нивната куповна моќ, кога ќе видат со какви ценовни шокови се соочуваме.

— реклама —

Во врска со Декларацијата за Гоце Делчев, Муцунски, нагласи дека застрашувачки е што СДСМ одби Декларација за Гоце Делчев која има цел оддавање почит на знаењето на неговиот лик и дело

- Гоце Делчев е еден од најголемите борци за суверена и самостојна Македонија. Тоа што го има во Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ е патоказ за оддавање на почит и значењето на Гоце Делчев. Секој кој ќе ја прочита таа Декларација ќе види дека укажува на ноторни факти прифатливи за македонската историска наука и понатаму дава патоказ за државните институции за тоа што тие би направиле за да можеме соодветно да преземеме дејства и да го почитуваме ликот и делото на Гоце Делчев. Тука нема ништо деструктивно. Проблемот тука е што има обид од страна на СДСМ ова прашање да се политизира, а и тие имаа прилика да се приклучат и да дадат забелешки, а тие ја одбија без да се дискутира за содржината и тоа е најмногу застрашувачки, рече Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања