Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Муцунски и министерот за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ал-Сафади потпишаа меморандум за политички консултации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryp9eipn3l09fsdqa2BDz

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Њујорк се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади.

— реклама —

Средбата се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, при што двајцата министри потпишаа Меморандум за разбирање за воспоставување политички консултации меѓу двете министерства.

— реклама —

Со меморандумот се создава дополнителна институционална рамка за продлабочување на политичкиот дијалог и редовната комуникација меѓу Македонија и Јордан.

Муцунски и Ал-Сафади изразија заемен интерес за натамошно унапредување на билатералните односи и за отворање нови области на соработка од заеднички интерес.

— реклама —

На средбата било разговарано и за меѓусебната поддршка и координација во рамките на мултилатералните организации, како важен дел од соработката меѓу двете земји.

Соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и глобални случувања, при што ја нагласиле важноста на дипломатијата, редовниот дијалог и соработката во справувањето со заедничките предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykb0s1q1bpif1a6y0fzX

Муцунски: Нема гаранции за решение со Бугарија, нема да прифатиме привремена санација

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања