Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Муцунски: Инцидентот со бугарската амбасада е изолиран, институциите реагираат брзо и ефикасно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро го осуди инцидентот со оштетувањето на стаклото од влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, оценувајќи дека станува збор за изолиран настан, на кој институциите реагирале навремено и ефикасно.

— реклама —

„Секој чин во таква форма ќе го осудиме. Според првичните информации, станува збор за изолиран инцидент, создадена е некоја материјална штета која не е во огромен обем. Без разлика на тоа, го осудуваме максимално инцидентот. Министерството за внатрешни работи дава максимум за истрагата. Оттаму треба да побарате информации. Институционално, има брз и ефикасен одговор“, изјави Муцунски.

— реклама —

Тој нагласи дека државата не може да превенира секој поединечен кривично-правен настан, но дека одговорноста на институциите е јасна и недвосмислена.

— реклама —

„Да, се работи за инцидент кој го осудуваме, но ние не можеме да го контролираме секој кривично-правен настан. Нашиот одговор е веднаш да го осудиме настанот, а институциите да го расветлат случајот“, додаде министерот.

Изјавата на Муцунски доаѓа по инцидентот што се случи на 11 јануари, кога, според МВР, непознато лице оштетило стакло на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш биле преземени мерки за идентификување на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Мир или војна, демократија или корупција“: Радев за вториот круг од изборите

Балкан | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryigravshfotktf7bjCFs

Речиси целосно обработени гласовите во Бугарија, разликата меѓу Јотова и Ѓуров е 42.826 гласа

Балкан | пред 4 дена

media-library7fbp9pfef7997NKXaMY

(Видео) Млад скопјанец уапсен со речиси 100.000 евра во фалсификувани банкноти – доби притвор во Бугарија

Свет | пред 6 дена

media-libraryk6tnu0lu41e85bislVo

Уапсени тројца осомничени за убиството на Слави Бинев – пресретнати на автопат во Бугарија

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања