Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Муцунски ќе го решава проблемот со паркинг во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
272773652_342489067882180_3703739820341165874_n

Го решаваме проблемот со паркинг просторот во Општина Аеродром. Утрово заедно со директорот на ЈП Градски Паркинг Bojan Hristovski направивме обиколка низ нашата општина и разговаравме за воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Аеродром, веки Градоначалникот Тимчо Муцунски.

— реклама —

“Ги поминавме сите критични точки за паркирање во нашата општина и се обврзавме дека ќе излеземе во пресрет на локалните жители. Токму затоа во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш ќе воведеме на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

— реклама —
— реклама —

Освен воведувањето зонско паркирање планираме да започнеме и со имплементација на она што го ветивме во предизборната кампања, воведување на косо паркирање што ќе обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

— реклама —

Еден од најголемите проблеми на аеродромци е паркинг просторот и заедно со ЈП Градски Паркинг ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за сите“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања