Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Муцунски на средба со работниците: Одржувањето на хигиената во Аеродром е наш приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска имаше средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина.

— реклама —

„Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде што имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Местото на градоначалникот и советниците е меѓу граѓаните. Почнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките. Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи граѓаните заслужуваат да живеат во една хумана средина“, изјави Муцунски.

Тимчо Муцунски вчера ја презеде функцијата градоначалник на Аеродром и уште од првиот ден почна со работа. Според Муцунски, местото на градоначалникот и на советниците е помеѓу граѓаните. Во наредниот период

— реклама —

градоначалникот на Аеродром најави интензивни средби со граѓаните за изнаоѓање решенијата во секое маало.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања