Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Муцунски на средба со в.д. директорот на „Лајка"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
lajka-2

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска се сретна со в.д. директорот на јавното претпријатие „Лајка", Воислав Димитровски, со кого разговараа за решавање на еден од најголемите проблеми на аеродромци – бездомните кучиња.

— реклама —

„Денеска имаме чест и задоволство да разговараме за проблемот со бездомните кучиња, кој претставува предизвик за сите жители на нашата општина од гледна точка на нивно безбедно живеење. Бездомните кучиња во одредени делови од нашата општина претставуваат сериозен безбедносен ризик за граѓаните од сите возрасни категории“, изјави градоначалникот Муцунски по посетата на ЈП „Лајка“.

Тој посочи дека Општина Аеродром бара во периодот што доаѓа во соработка со Градот Скопје и со ЈП „Лајка“ системско решение што ќе биде долгорочно и во интерес на граѓаните.

— реклама —

„Свесни сме дека новиот директор го стекна претпријатието во една тешка состојба, како финансиска, така и организациска и техничка, но според тоа што го видов денеска, тој е апсолутно амбициозен и има вистинска намера да ја претвори „Лајка“ повторно во сервис на граѓаните“, додаде Муцунски со уверување дека во најбрз можен рок и овој проблем на аеродромци ќе биде решен.

В.д. директорот на „Лајка", Димитровски, рече дека му ја претставил на градоначалникот целокупната работа на прифатилиштето.

„Разговаравме за можност за понатамошна дополнителна соработка, да видиме кои точно локации во Општина Аеродром се приоритетни, а исто така разговаравме и за стратегија за решавање на проблемот со бездомните кучиња во рамки на самата општина“, изјави Димитровски.

Безбедноста на аеродромци е на прво место, порачаа Муцунски и Димитровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања