Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Муцунски од Киев: „Стоиме со Украина, границите не можат да се менуваат со сила“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryu6ued6n3ckuc63ZUP5u

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна официјална посета на Киев, Украина, каде што разговарал со украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

Муцунски на социјалните мрежи објави дека до Киев патувал повеќе од 20 часа, со авион, воз и автомобил, оценувајќи ја посетата како една од организациски најсложените, но и најзначајните.

— реклама —

На средбите било разговарано за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и билатералната соработка, европската перспектива на Украина, како и за актуелните безбедносни предизвици.

Муцунски ја потврдил поддршката од Македонија за Украина и за почитувањето на принципите на суверенитет, територијален интегритет и меѓународното право.

— реклама —
— реклама —

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила“, напиша Муцунски.

Тој порача дека безбедноста на Украина е дел од европската безбедност и дека американското лидерство и европската одговорност треба да дејствуваат заедно за создавање услови за праведен и траен мир.

Муцунски посочи и дека поддршката од Македонија ќе продолжи, а кога ќе започне обновата на Украина, земјата сака да учествува не само како пријател, туку и како партнер во процесот на закрепнување и реконструкција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library95hoe55nrm5p6SEXJgp

Муцунски со францускиот министер за Европа: Во фокусот европскиот пат на Македонија

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryt75ouli9ul9o4aUvvTp

Муцунски од Дубаи: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Од „коњопој“ до разговори без договор: Што донесе посетата на Муцунски на Софија

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymnvjutmn4aktanME2Rm

Случајот на Ива Михаилова меѓу темите на Петрова и Муцунски, бугарската министерка очекува брзо решение

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања