Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Муцунски: Со победата на Данела Арсовска, СДСМ заминува во историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
242941363_402329461518991_1497327069978023153_n

Од тука тргна поразот на СДСМ, од тука тргна тој историски процес кој ќе значи слобода за Македонија, слобода за општините низ Македонија. Процес кој ќе значи многу работа, многу проекти, додадена вредност за нашата општина Аеродром, рече градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски на вечерашниот митинг во Лисиче.

— реклама —

Тој рече „ветивме многу работи и тоа што го ветивме е една офанзива во инфраструктурата, тоа што сакам да го пратам како порака е дека целиот тим не заборава што е ветено, така ќе биде и за Скопје“.

„Тоа што е клучно е дека огромен дел од проектите кои се од интерес на нашите сограѓани може да бидат блокирани доколку Петре Шилегов остане градоначалник. И навистина имате избор меѓу прогрес кај Данела Арсовска и корупција кај Петре Шилегов, изборот е квалитетен професионалец или политичар кој не може да се гордеее со ниту еден капитален проект“, кажа Муцунски.

— реклама —

Муцунски посочи дека граѓаните веќе ја препознаа разликата, а таа треба да се потврди во недела и Данела Арсовска да биде градоначалник на град Скопје.

„Со победата во Скопје на Данела Арсовска, СДСМ заминува во историјата“, порача Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања