Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Муцунски троши 38.000 евра за компјутери а се жали дека општината нема пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Mucunski

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски парите на граѓаните, наместо на проекти, ги троши на луксуз, вели СДСМ.

— реклама —

„Скоро 38.000 евра потроши Муцунски за набавка на 35 скапи компјутери.

Еден компјутер чини и над 104.000 денари а Муцунски набавил пет такви компјутери.

— реклама —

Тоа е истиот Муцунски кој јавно се жали дека општината нема пари, дека нема да може да плати струја а во исто време троши 38.000 евра за компјутери.

Уште еден доказ за расипништвото и недомаќинското работње на Муцунски, кој во првите сто дена од мандатот постави само еден легнат полицаец.

Други проекти во Аеродром не се реализираат.

И Муцунски како и Данела Арсовска знае само да се жали, да нуди изговори за неработењето, да бара пари од Владата додека општинските средства ги троши расипнички.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат градоначалник кој работи за лични и партиски интереси, против интересите на граѓаните“, се веливо соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања