„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Музика од научнофантастични филмови на концертот на Филхармонијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
filharmonija

„Научна фантастика на платно“ е насловен вечерашниот  концерт на Македонската филхармонија, кој ќе го води диригентот Тимоти Редмонд од Велика Британија. Оркестарот ќе изведе теми од некои од најдобрите научнофантастични филмови, како: „Војна на ѕвездите“, „Ѕвездени патеки“, „Одисеја 2001“, „Алиен“, „Аполо 13“, „Почеток“, „Меѓуѕвезден“…

— реклама —

– Патувањата низ вселената, генетски мутираните суштества, „Марсовците“, патувањата низ времето… или алегоричното прикажување на политичко-социјални теми се само дел од содржините на СФ филмовите. Неисцрпна инспирација на композиторите, пак, се токму научнофантастичните филмови, затоа што тогаш имаат ретка можност да создадат специфична, уникатна партитура. Волшепствата, вселената, натприродните сили, чудовиштата, предметите од иднината… се доволен мотив музиката да биде креирана на едно поинакво ниво, надвор од клишеата, наведува Филхармонијата за тематскиот избор за концертот.

Диригентот Тимоти Редмонд (1971) е подеднакво активен како диригент на концерти и на опери во Европа и во САД, посветувајќи внимание и на музичките проекти со малку попопуларна конотација, како што е филмската музика. Студирал обоа на Кралскиот северен колеџ за музика, а подоцна се усовршувал на мајсторски курсеви по диригирање. Професор е по диригирање на школата за музика „Гилдхол“ и шеф-диригент на Филхармонијата на Кембриџ, а редовен гостин диригент е со Лондонската филхармонија.

— реклама —

Особено е посветен на современата музика, придавајќи им поголемо значење на модерните оперски продукции. Како што наведува Филхармонијата, оперските ангажмани на Редмонд вклучуваат модерни продукции, но и опери од железниот репертоар. Неговото име стои и на голем број снимки издадени за престижни куќи.

МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања