Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

МВР алармира за измамници: Граѓаните да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryilec84k529dkdfkZoIX
ФБ

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека до неколку граѓани, од страна на сторители кои лажно се претставуваат во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага.

Во пораките се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен е-маил бидејќи наводно примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа кривични дела, како што се детска порнографија, педофилија и трговија со дрога.

- МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажни пораки кои не се испратени од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР.

— реклама —
— реклама —

Овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните, со цел нивна понатамошна злоупотреба.

— реклама —

Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку е-маил адреси - потенцираат од МВР во соопштението испратено до медиумите.

Апелираме до граѓаните да не отвораат ваквите пораки, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци кои ги бараат измамниците. Исто така, апелираме граѓаните да не ги отвораат линковите и датотеките кои се испратени во прилог на било која електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Претепал сопруга по расправија за тестамент, па се заканил дека ќе ја запали куќата со 10 литри бензин - маж од Гевгелија заврши во притвор

Македонија | пред 45 минути

media-library641qr7kluupa4doCzWK

Пожар во тетовско зафати поголема површина со жито

Македонија | пред 1 час

bebe

Татко по семејна расправија го одвел 10-месечното дете во Швајцарија без согласност на мајката

Македонија | пред 1 час

pari-1

Кандидат за работа побарал заем од работодавецот пред да почне со работа, зел 110.700 денари и исчезнал

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања