Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МВР: „Безбеден град“ придонесе за 40 отсто помалку жртви во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Министерството за внатрешни работи соопшти дека проектот „Безбеден град“ веќе дава конкретни резултати и претставува еден од клучните механизми за модернизација на полициското работење и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

— реклама —

Според МВР, во периодот од февруари до јуни годинава бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 проценти во споредба со истиот период лани. Односно, од 55 жртви во истиот период минатата година, бројката е намалена на 34.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека од почетокот на примената на системот се регистрирани повеќе од 130.000 сообраќајни прекршоци, при што над 95 проценти од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.

— реклама —

Од Министерството оценуваат дека овие податоци покажуваат оти најголемата опасност на патиштата не се камерите, туку несовесното и неодговорно возење.

— реклама —

Воедно, МВР најавува дека имплементацијата на системот „Безбеден град“ ќе продолжи низ целата држава, со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи и жртви и да се обезбедат побезбедни патишта за сите учесници во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од денес околу 40 камери на „Безбеден град“ ќе следат сообраќајни прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-library1v2413h7pkht4FcZV4l

Имате странски таблички? Преку „Безбеден град“ проверете и платете сообраќајни прекршоци

Македонија | пред 1 месец

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Охрид, Струга, Кичево и Дебар од 12 октомври под надзор на „Безбеден град“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Од сабота камерите на „Безбеден град“ активни и во Велес

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања