Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Министри, директори, функционери и црковни лица казнети од „Безбеден град“: Тошковски тврди дека сите ги платиле казните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Македонија
media-library0snp5luvr4ip2yJa1jy

И функционери од различни нивоа, министри, директори и црковни лица се нашле меѓу казнетите за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите на системот „Безбеден град“. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, казни добивале и лица што управувале со службени и приватни возила, а сите изречени казни биле платени.

— реклама —

На прес-конференција посветена на резултатите од проектот, Тошковски откри дека во минатото имало обиди за ургирање за сообраќајни прекршоци, но тврди дека тие престанале по неговата реакција.

— реклама —

Тој рече дека речиси и да нема функционер кој не му потврдил дека добил казна и ја платил, додавајќи дека во последната година и половина немало барања за интервенции поврзани со конкретни прекршоци.

— реклама —

„Претходно да, во рамките на техничка влада имав одредени ургенции за одредени прекршоци. По мојата бурна реакција, последнава година и половина не се случило некој да побара од мене што било поврзано со ургирање во врска со конкретен сообраќаен прекршок“, изјави Тошковски.

— реклама —

На прес-конференцијата новинарите поставуваа прашања исклучиво за системот „Безбеден град“, кој неодамна започна со работа. Министерот оцени дека примената на системот придонела за намалување на бројот на загинати во сообраќајни несреќи за 30 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt7e6698k30jc71HVbFP

Македонија пред Сингапур и Абу Даби: „Безбеден град“ освои меѓународна награда во Дубаи

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

„Безбеден град“ од декември и во Струмица, до крајот на годината системот се проширува и во Штип

Македонија | пред 2 часа

media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од денес околу 40 камери на „Безбеден град“ ќе следат сообраќајни прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 4 седмици

media-library1v2413h7pkht4FcZV4l

Имате странски таблички? Преку „Безбеден град“ проверете и платете сообраќајни прекршоци

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања