Промени тема
Контакт

Од денес околу 40 камери на „Безбеден град“ ќе следат сообраќајни прекршоци во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Македонија
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Системот „Безбеден град“ од денеска е активен и на подрачјето на СВР Охрид, каде што со околу 40 камери ќе се следи сообраќајот во повеќе општини и на клучни патни делници во југозападниот дел на Македонија.

— реклама —

Видеонадзорот ги опфаќа Охрид, Струга, Кичево, Дебарца и Дебар, како и патните правци кон Струга, Дебар и граничниот премин Ќафасан. Камери се поставени и кон туристичките населби, плажите, Свети Наум и на автопатската делница Охрид – Кичево, објави 4news.mk.

— реклама —

Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци, меѓу кои пречекорување на брзината, непрописно паркирање и минување на црвено светло. Од СВР Охрид очекуваат неговото воведување да придонесе за намалување на прекршоците и сообраќајните несреќи.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, упати апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината, нагласувајќи дека системот треба да се сфати како партнер во зголемувањето на безбедноста, а не само како средство за казнување.

— реклама —

„Апелирам до возачите на патничките и други моторни возила да се придржуваат, да ги почитуваат ограничувањата на дозволената брзина и, се разбира, „Безбеден град“ да го сфатат како еден партнер во делот на зголемена сообраќајна безбедност“, изјави Димовски.

Со проширувањето на системот во охридскиот регион се очекува подобра контрола на сообраќајот, особено на фреквентните патишта и во туристичките подрачја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1v2413h7pkht4FcZV4l

Имате странски таблички? Преку „Безбеден град“ проверете и платете сообраќајни прекршоци

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Охрид, Струга, Кичево и Дебар од 12 октомври под надзор на „Безбеден град“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Од сабота камерите на „Безбеден град“ активни и во Велес

Македонија | пред 1 месец

media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Во функција камерите на „Безбеден град“ во Дебрца, наскоро и во Охрид

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања