ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

МВР: До целосна промена на личните документи подигнете потврди со новото име Република Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
tabla-severna-2

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи, почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

— реклама —

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“. Потврдите се издаваат во Одделот за граѓански работи за државјани на Република Северна Македонија и лица кои уживаат меѓународна заштита во земјата, а во Одделот за гранични работи и миграции за странци кои по било кој основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата Република Северна Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања