ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

МВР ги демантира гласините дека има киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kidnapiranje

Во врска со шпекулациите кои се шират во јавноста, а за наводно постоење на киднапери кои киднапираат поради препродажба на човечки органи, Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира истите и ги отфрла како целосно неточни.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла шпекулациите за постоењето на киднапери. Во Министерството за внатрешни работи досега не се пријавени, ниту случаи на киднапирање поради органи, ниту се вистинити наводите дека досега на исчезнати жртви им недостигале органи.

Министерството за внатрешни работи за последните случаи на исчезнување, кои што се целосно расчистени, јасно и недвосмислено соопшти дека се работи за класични случаи на самоубиство. Неосновани се и дезинформациите дека има пораст во бројот на исчезнати лица. Како што е соопштено и во текот на вчерашниот ден - статистичките податоци покажуваат дека не постои тренд на пораст во исчезнувањата и дека во континуитет во последниве 5 години пронаоѓањето на пријавените исчезнати лица се реализира со околу 94%.

— реклама —

Статистичките податоци од 2014 заклучно со 2018 покажуваат дека од 2008 пријавени случаи за исчезнати лица, пронајдени се 1876 лица. Дополнително, на веб страницата на Министерството за внатрешни работи може да се проверат сите податоци и сите актуелни случаи на исчезнати лица.

МВР ги повикува граѓаните да не потпаѓаат не шпекулации со кои се шири паника и страв.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања