На 17.12.2021 околу 22.50 часот на патот од с.Шишево кон с.Грчец, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Јавно претпријатие „Државни патишта“ – Скопје, за кое на 15.12.2021 во 16.10 часот Б.Т.(56) пријави дека било одземено на ул.„Ѓорче Петров“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.