МВР казни 109 возачи во Скопје, од нив 30 за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
policaec-policija-6

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

— реклама —

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, три прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

— реклама —

Изречени се четири санкции за користење мобилен телефон, три за некористење сигурносен појас, четири за непрописно престигнување и обиколување, три за минување на затворен сигнал (црвено светло) и пет санкции за непрописно паркирани возила.

— реклама —

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања