Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МВР: Над 1300 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 57 лица лишени од слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Во текот на продолжениот празничен викенд (10–13.04.2026), полициските службеници спровеле засилени сообраќајни контроли на патиштата низ државата, при што се евидентирани вкупно 1303 сообраќајни прекршоци.

Од нив, 488 се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење.

— реклама —

Во рамки на контролите, 57 лица се лишени од слобода за безобѕирно управување со возило, меѓу кои шестмина возеле под дејство на алкохол, 23 без возачка дозвола, а четворица со претходно изречена забрана за управување.

— реклама —

Во истиот период од сообраќај се одземени 22 возила согласно Кривичниот законик.

Евидентирани се и 164 прекршоци за неправилно паркирање и 26 санкции за возење под дејство на алкохол.

— реклама —

Покрај тоа, 19 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитен шлем, а 119 учесници во сообраќајот за некористење сигурносен појас.

— реклама —

Согласно Законот за возила, 20 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрација, пет поради техничка неисправност, а 10 возачи се санкционирани поради неправилно затемнување на стаклата.

Од МВР информираат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, со апел до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата за зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 8 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања