Промени тема
Контакт

МВР наместо да демантира, потврди дека Спасовски доделил половина милион евра тендер за соларни панели за топла вода, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
spasovski-2

МВР во интерес на граѓаните мора да излезе од канџите на Спасовски и да не биде покритие на криминалот и корупцијата на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„МВР заради Оливер Спасовски е доведена во состојба потврдувањето на скандалите да ги нарекува демант на дезинформации.

МВР на Оливер Спасовски наместо да ги демантира, ги потврди наводите дека доделил половина милион евра тендер за соларни панели за топла вода на мала фирма за товарен транспорт којашто е вмешана во коруптивен скандал за којшто знае цела Македонија.

— реклама —

Наместо да признае дека се работи за скандал, МВР на Спасовски уште и додава дека на два пати оваа фирма за товарен транспорт за МВР била подобар избор од специјализирани фирми за соларни панели и водоинсталатерски изведувања.

— реклама —

Прашање за коешто СДСМ и МВР на Спасовски немаат одговор е како воопшто на фирма за камионски транспорт и доделуваат да мести соларни панели и водоинсталатерски работи во полициски објекти?

Уште повеќе, зад флоскули за „зелена енергија" МВР на Оливер Спасовски сокрива дека станува збор за фирма којашто била редовен корисник на тендерите на СДСМ во Ѓорче Петров, меѓу кои и за две машини за перење коишто ги вреднувал дури 25.500 евра, а за којшто скандал се уште нема истрага.

— реклама —

СДСМ и МВР на Оливер Спасовски со ова само покажуваат дека сето МВР е само алатка за криминалот и корупцијата на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања