Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР објави меѓународни потерници по наркобосовите кои се осомничени во истрагата за предметот „Планина“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
poternica

Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници по наркобосовите кои се осомничени во истрагата за предметот „Планина“. Највоздрасниот од нив  има 42 години, а најмладиот, пак, има 20 години.  По наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое се сомнева дека шетмината се избегани надвор од државата. Петмина од нив се од Грчец, а еден од Гази Баба. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

— реклама —

„Бајрами Седат, од т.Абдиљ м.Фазиле, роден 10.07.1989 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.18. Зендели Егзон, од т.Муамер м.Зумрије, роден 10.09.2000 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.21. Љатифи Бесир, од т.Вазул м.Назире, роден 30.09.1991 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„6“ бр.4. Љатифи Сенад, од т.Вазул м.Назире, роден 14.07.1994 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на у.„6“ бр.4.  Муареми Иљаз, од т.Беџет м.Фекрие, роден 01.09.1978 година во Скопје, а живее во с.Грчец-Скопје на ул.„5“ бр.3. Рогачи Исмаил, од т.Насер м.Мируше, роден 08.03.1993 година во Скопје, каде и живее на ул.„Ордан Чопела“ бр.75-а“, се имињата на наркобосовите по кои се трага, објавени на страницата на МВР.

— реклама —

— реклама —

Од Обвинителството не сакаат да образложат како осомничените успеале да избегаат, иако обвинителката Вилма Русковска кажа дека им биле следени комуникациите, но и физички биле пратени. Повикувајќи се дека е во интерес на постапката да не се споделуваат детали со јавноста, не одговараат ниту зошто акцијата била спроведена, во моменти кога се знаело дека е пробиена.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања