„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МВР приведе 13 лица поради приредување на игри на среќа без лиценца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

На 29.06.2021 во периодот од 13.50 часот до 16.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со УЈП и ДПИ, спровеле акциска контрола во објект без фирма на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, во кој се приредувале игри на среќа без лиценца, при што од слобода биле лишени Ј.С.(33), Б.Б.(30), П.Ф.(49), Е.С.(23), А.А.(28), А.Р.(24), А.К.(26), М.С.(26), Б.Х.(20), Ш.Н.(22), Ј.К.(30), од Тетово, Гостивар, Мала и Голема Речица и С.О.(28) и О.Ј.(24), државјани на Република Турција.

— реклама —

Притоа, од страна на полициските службеници од одговорниот на објектот Б.Б.(30) била одземена компјутерска опрема, и тоа: 8 компјутери „ХП“, 2 лаптопа „ацер“, 8 ливчиња со упатства на турски и англиски јазик, 1 полнач за компјутери и 1 мобилен телефон. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од државен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања