Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МВР приведе лихвар од Велес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
evra-falsifikat

На 28.04.2021 околу 15.40 часот на ул.„Петре Прличко“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(44) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. Тој бил лишен од слобода при земање обележани банкноти, а по претходна пријава на 33-годишен маж од Велес дека во периодот од мај 2020 до април 2021 година за земени 100 евра во денарска противвредност поради притисоци и закани на А.С. му вратил околу 30.000 денари, а му побарувал уште 90.000 денари како камата.

— реклама —

Врз основа на судска наредба, бил извршен и претрес во домот на А.С., при што биле пронајдени и одземени четири мобилни телефони и документација (нотарски акти за недвижен имот и уплатници за трансфер на парични средства во износ од околу 4.000.000 денари).

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања