МВР со детали за уривањето на културното обележје во Струга: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryfua31kk201ubaiNJD2N

МВР соопшти детали за тоа како е урнат музејот-куќа на Владо Малески во Струга.

— реклама —

На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство.

— реклама —

Увид на местото извршија претставници на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид“, како и полициски екипи. По целосно расчистување на настанот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“ по член 264 од Кривичниот законик, информира МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања