Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

МВР со детали за вчерашната сообраќајка на „Рузвелтова“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
citroen

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со информации за вчерашната сообраќајка на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, во која почина 32-годишниот доктор Трајче Нешковски.

Сообраќајката се случила вчера попладне во 16:45 часот меѓу патничко возило „Цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н. (32) од Гостивар и патничко возило „Опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (34) од село Просениково, Струмичко.

— реклама —

Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила и Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

— реклама —

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања