Промени тема
Контакт

(Видео) МВР со први официјални информации: Тројца приведени во истрагата за загадената вода во Гостивар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytutr7la5omma3LLf0zr
МВР

Министерството за внатрешни работи ги потврди информациите за полициската акција во Гостивар, соопштувајќи дека три лица се лишени од слобода во рамки на предистражната постапка за загадувањето на водата во градскиот водовод.

Според МВР, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар, ги привеле лицата поради сомневања поврзани со загадувањето на водата за пиење.

„Полициски службеници од ПС Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода три лица во врска со сомненијата за загадување на водата во гостиварскиот водовод“, соопшти МВР.

— реклама —

Од слобода се лишени А.А. од селото Здуње, вршител на должност директор на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, В.Д. од селото Форино, раководител на секторот „Водовод и канализација“, како и Л.Н. од селото Вруток, технички директор на јавното претпријатие.

Од Министерството информираат дека постапката сè уште е во предистражна фаза и дека во координација со Обвинителството продолжуваат активностите за обезбедување докази.

— реклама —

„Надлежните институции продолжуваат да преземаат дејствија за прибирање докази во предистражна постапка“, наведуваат од МВР.

— реклама —

Приведувањата следуваат по прогласената епидемија во Гостивар, при која повеќе од 3.100 граѓани побараа медицинска помош поради симптоми на гастроентеритис, а надлежните институции сè уште ја утврдуваат точната причина за загадувањето на водата и евентуалната кривична одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 2 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања