МВР: За еден ден 23.494 автомобили влегле во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
granica-grcija

Десетици илјади возила влегле во земјава преку граничните премини во последните два дена. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во рок од еден ден на влез и излез се регистрирани вкупно 35.607 возила. Од нив 23.494 автомобили се на влез, додека 12.113 возила ја напуштиле државата, пишува Фактор.

— реклама —

Бројот на влезови и излези и денеска беше голем. На граничните премини до пладневните часови имаше промет од 16.887 возила. Повеќе сообраќај во последните денови има на граничниот премин Табановце, од каде многу емиграција се упати кон своите домови за престојните празници.

— реклама —

Изминативе два дена нашинците се жалеа на долго чекање на Табановце. Од Службите на Граничната полиција тврдат дека чекањето се должи на протоколите, каде на граѓаните дополнително им се проверуваат документите за целосна вакцинација со две дози или ПЦР тест.

— реклама —

Од МВР велат дека на граничните премини се отворени дополнителни шалтери за да се намали застојот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања