Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

МЗ: Активно се работи на реорганизација на болницичките капацитети и медицинскиот кадар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
korona-bolnica

— реклама —
Министерството за здравство информира дека активно се работи на реорганизација на болничките капацитети и медицинскиот кадар по системот на ротација во јавното здравство за да се одговори на претстојниот период и можното зголемување на бројот на хоспитализации кај пациенти со ковид-19.

— реклама —
Капацитетот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје е речиси исполнет и од вчера, за хоспитализација и третман на пациенти е целосно подготвена модуларната болница со 72 болнички легла, поставена во близина на клиничката зграда.

— реклама —

Во изјава за медиумите, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче потенцираше дека од денеска во функција е пуштена и модуларната болница со сосем доволен број на медицински кадар - доктори и медицински сестри од Клиниката за пулмологија и алергологија и Градската општа болница „8ми Септември“. Тој појасни дека нема да се преоптоварува капацитетот повеќе од тоа што е сега за да трпат работа останатите одделенија и тие здравствени работници.

— реклама —

Здравствениот систем е подготвен, но апелираме до граѓаните на максимална одговорност и целосно почитување на мерките за заштита од понатамошно ширење на коронавирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања