„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МЗ: Пациентите не се оставени без инсулин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dijabetes

Пациентите не се оставени без инсулин. Во сите инсулински аптеки во државата има инсулин и истиот им е достапен на пациентите. Изминатиов период поради промена во софтверот за нов вид на инсулински продукти – игли Тип1 и Тип2, како и апаратчињата за мерење гликемија кои не ги препишува лекар, туку системот сам ги генерира, тие не се издаваа, соопшти Министерството за здравство.

— реклама —

Напоменуваат дека нема никаков проблем во количините на иглите, лентите и апаратите за мерење инсулин, туку во делот на евидентирањето, проблем што веќе се надминува и од вторник, кога ќе бидат отворени инсулинските аптеки, истите инсулински продукти ќе им бидат достапни на пациентите.

-Од почетокот на пандемијата до денес Министерството за здравство се погрижи во секое време терапијата за пациентите со дијабетес да биде навремено доставена до сите инсулински аптеки низ државата иако имаше недостаток низ цела Европа поради енормната потрошувачка. Влијанието на пандемијата во однос на тековните набавки е одамна надминато, а потребните количини се доставуваат во континуитет, редовно и регуларно на територија на цела држава, стои во соопштението.

— реклама —

извор: MИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања