Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МЗ: Состојбата на пациентите кои се заразија со морбили е под контрола, преземени се сите мерки за да се спречи ширење на епидемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Здравствената состојба на пациентите кои се заразија со морбили (мали сипаници) е под контрола, преземени се сите можни мерки да се спречи понатамошно ширење на епидемијата, реагираат од Министерството за здравство на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Катастрофалната состојба која ја затекнавме беше предизвикана токму од негрижата на здравствените власти во тек на 11 години и биланс од над 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје.

— реклама —

Заради комплетно изгубена доверба во јавното здравството, паралелен увоз на лекови и негрижа од здравствените власти, епидемијата на морбили која беше искоренета во нашата земја, повторно се врати.

Вакцините со погрешна деклацаија, но со правилен рок на траење, се повлечени од Здравствените домови и како налага Законот мора да се уништат. Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лековите и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина.

— реклама —

Вакцинацијата е една од врвните придобивки на современата медицина во светот, а не причина за партиски препукувања. Вакцините се со одличен квалитет и се комплетно безбедни за употреба.

Нашата посветеност, позитивните кампањи за вакцинациија, како и гаранциите дека вакцините се безбедни, со рок на траење и проверен квалитет овозможи да имаме околу 4 400 вакцинирани деца за околу еден месец, што е одличен успех.

Ја подигнавме свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбилите (мали сипаници). Сите препораки, известувања и апели и сите мерки за заштита на населението се преземени навреме иако, во спротивно досега ќе имавме и смртни случаи“, велат од Министерство за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања