Промени тема
Контакт

МЗ:Измените на ЗЗЗ носат крупни промени во здравствениот систем за поголема заработка на лекарите и подостапни здравствени услуги за пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Крупни промени во здравствениот систем, гарантираат новите измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Влада на РСМ.

Со новините во законската регулатива се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни. Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да работат во кое било ЈЗУ во државата. Измените на Законот предвидуваат:

1.Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.

— реклама —

2.Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството.

— реклама —

3.Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пенизонира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација.

4.На веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени.

— реклама —

5.Законот исто така за првпат го регулира и вклучувањето на граѓанските органзиации во системот на здравствена заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања