„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

МЗШВ: Со модерно решение за градобијна заштита ќе се заштитува земјоделското производство од град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
grad-steti

Поради сѐ позачестените негативни последици од климатските промени и појава на град, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, интензивно работи на мерки со кои што ќе се заштити земјоделското производство од штети од временските непогоди, конкретно од град.

— реклама —

Во моментов е во завршна фаза воспоставувањето на модерно решение за градобијна заштита. Новиот систем за градобијна заштита предвидува контрола на климатските услови преку таканаречено засејување. Тоа подразбира надлетување на небото на територија на Република Северна Македонија со специјално опремени авиони кои ќе испуштаат раствор за спречување на формирање на мраз во облаците. За таа цел Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, ќе обезбеди 1,5 милиони евра за спроведување на постапка за јавна набавка од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за избор на компанија. Овој период беа одржани неколку консултативни работни состаноци со УХМР за спроведување на целата постапка.

Инаку, и натаму на земјоделците на располагање им стои мерката од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година за кофинансирање на трошоците за премијата за осигурување за надоместок на штета врз земјоделското производство во висина од 60 отсто. Вкупната сума во Програмата за оваа намена е 70 милиони денари. Дополнително, МЗШВ работи и на нов модел за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања