Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

МЗ:ВМРО ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови, и реагенси за Ковид 19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
koronavirus-1

Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид 19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа, се вели во соопштението од МЗ.

— реклама —

Во продолжение на истото од министерството додаваат:

Во време на пандемија, ВМРО ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО ДПМНЕ „небитни“ се луѓето кои се вакцинираат против Ковид 19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО ДПМНЕ сака политички да профитира.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања