„Имав прекрасен живот и имам неверојатно семејство. Благодарен сум за сето она што ми го даде животот“, истакнал легендарниот Кирк Даглас кој го слави својот 102 роденден.
Кога го запрашале дали има нешто коешто му останало неостварено на „списокот желби, Кирк Даглас одговорил дека горе-долу ги исполнил сите свои желби.Најголема желба за 102 роденден му е светот да стане подобро место.
„Има толку многу нетрпеливости… Сакам луѓето да бидат љубезни едни со други и да покажуваат повеќе почит“, изјави големата холивудска ѕвезда.
Инаку Американскиот филмски институт во 1999 година издаде список на 50 легенди од златната доба на Холивуд. Денес се живи само три: Софија Лорен (84), Сидни Поатје (91) и Кирк Даглас кој го слави својот 102 роденден.