„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

На 20 јули ќе биде објавен Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Popis_2021

Државниот завод за статистика ги интензивира организациските подготовки за претстојниот Попис 2021 кој ќе се спроведе од 5 до 30 септември. Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони. Условите се: кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони.

— реклама —

Ги повикуваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на Конкурсот и да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа најголема статистичка акција која има извонредно значење за секој од нас, но пред сè, за државата во целина, се вели  во соопштението од Државниот завод за статистика .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања