Промени тема
Контакт

На Богородица се чека околу 45 минути, на другите премини нема подолги задржувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library1gbt0js60ma72EFkqiK
Вибер група: Пат до Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.

На граничниот премин Богородица, за излез од државата, времето на чекање е околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за одрони.

— реклама —

Посебно внимание се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

— реклама —

Во периодот од 17 август до 1 октомври, поради санација на косина на автопатот А4, на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип, кај наплатната станица Преод, е воведен изменет режим на сообраќај пред наплатната станица.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

— реклама —

Во сила е и летниот режим за тешки товарни возила. Од 1 јули до 31 август, на државните патишта е забрането движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на викендите и во денови со екстремно високи температури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryasvghar4s1d66kztdAT

(Фото) Колони на Табановце и Богородица: Задржувањата до 60 минути

Македонија | пред 6 дена

Screenshot-2023-12-30-at-11.28.02

Колони на ГП Богородица, се чека околу 15 минути

Македонија | пред 1 месец

5-2

Колони на ГП Богородица, се чека до 30 минути

Македонија | пред 1 месец

5-2

15 минути се чека за излез од државата на ГП „Богородица“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања