Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново
Внимателно возете на автопатот Кичево – Охрид, каде што е воведен времен режим на сообраќај поради санација на левиот коловоз на делницата од Пресека до Песочан, кај клучката Арбиново.Од АМСМ информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Македонија | пред 4 дена