Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Внимателно низ клисурите и речните долини: АМСМ со апел до возачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
avtopat

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено и по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија во редовниот извештај за состојбата на патиштата.

— реклама —

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот и да бидат особено внимателни на делниците каде постои опасност од одрони, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува отворен за сите возила до 3,5 тони.

— реклама —

Во меѓувреме, продолжуваат повеќе градежни активности и времен режим на сообраќај на неколку патни делници во државата. Работи се изведуваат на делницата Гостивар – Стража, на мостовите кај Желино, на скопската обиколница помеѓу клучките Волково и Кондово, на автопатот Смоквица – Гевгелија, како и на делницата Прилеп – Битола поради изградбата на Коридорот 10Д.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации и поставена е соодветна сигнализација. Од АМСМ препорачуваат нејзино строго почитување и внимателно управување со возилата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 5 дена

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 1 месец

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања