Промени тема
Контакт

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1
Илустрација

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива без поголеми проблеми, претежно по суви коловози, а интензитетот надвор од населените места е умерен. На граничните премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања.

Сепак, возачите се повикуваат на зголемено внимание, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде што постои можност за појава на одрони.

— реклама —

АМСМ апелира брзината да се приспособи кон условите на патот и доследно да се почитува поставената сообраќајна сигнализација.

Времен режим поради градежни и санациони активности е во сила и на повеќе други патни правци, меѓу кои Кичево – Охрид, Гостивар – Стража, скопската обиколница, Смоквица – Гевгелија и Прилеп – Битола.

— реклама —

На патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, сообраќајот е дозволен само за возила со најголема дозволена маса до 3,5 тони.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека возачите треба внимателно да ја следат сообраќајната сигнализација и да ги почитуваат ограничувањата на сите делници каде што се изведуваат градежни и санациони работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Утрово целосно блокиран патот Крива Паланка–Куманово поради сообраќајна несреќа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања