Промени тема
Контакт

(Видео) Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат да поминат, застој има и во меѓуграничниот простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryoclb9eme12711lA8V4D

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

Според возачи кои се наоѓаат во колоните, чекањето трае со часови. Еден од нив за „Скопје1“ вели дека на граничниот премин чека веќе четири часа, додека и други возачи сведочат за долги застои и бавно одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Од друга страна, последниот извештај на Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), објавен во 6 часот утринава, покажува значително пократко време на чекање.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица и ГП Дојран се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека пак на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања“, наведува АМСМ.

Разликата меѓу информациите од терен и официјалниот извештај најверојатно се должи на тоа што состојбата на граничниот премин значително се променила по објавувањето на утринскиот билтен на АМСМ.

— реклама —

Поради викендот и летната туристичка сезона, и денеска се очекува зголемена фреквенција на возила кон Грција, а на возачите им се препорачува да сметаат на можни подолги задржувања на граничните премини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv3p1j55fp0kj6zhbnvG

(Видео) Владиката Партениј за Голема Богородица: „Богородица знае што е болка и никогаш не нè остава, на светот му требаат повеќе покајаници и молитвеници“

Македонија | пред 4 дена

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Успение на Пресвета Богородица – празник што во православието ја слави победата на животот над смртта

Магазин | пред 4 дена

media-library0ltpud450mtjeQdedbY

Ако патувате кон Грција овој викенд, подгответе се за гужви на Богородица

Македонија | пред 6 дена

media-library1gbt0js60ma72EFkqiK

Зголемен сообраќајот на патиштата, на Богородица се чека околу 30 минути

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања