Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Слаб снег на Шапка, Крушево и планинските премини Стража, Ѓавато и Буково

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
sneg-2

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по влажни коловози. Слаби врнежи од снег, кои не се задржуваат на патиштата, се бележат на Попова Шапка и Крушево, како и на планинските премини Стража, Ѓавато и Буково.

— реклама —

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —
— реклама —

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради сезонски режим, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила и ќе остане затворен до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 5 дена

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 1 месец

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања