Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

По сообраќајката кај Езеро Младост, патот кон Велес повторно отворен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryniig1ie437v25EWcjIX

Сообраќајот на регионалниот пат Велес – Езеро Младост е нормализиран, откако заврши увидот по сообраќајната незгода поради која патот беше затворен од 17 часот, информира АМСМ.

— реклама —

„По завршениот увид во 19:25 часот, патниот правец повторно е пуштен за сообраќај“, соопштија од АМСМ.

Оттаму информираат дека сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива непречено и по суви коловози, додека интензитетот надвор од градските средини е умерен.

— реклама —

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

АМСМ апелира возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на делниците низ клисури, котлини и речни долини каде има опасност од одрони.

Како поризични делници се посочуваат патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, од АМСМ потсетуваат дека на повеќе патни правци низ државата има активни градежни работи и времен режим на сообраќај, меѓу кои на делниците Гостивар – Стража, скопската обиколница, Кичево – Охрид и Прилеп – Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-8200PM

Се санира автопатот Кичево – Охрид, воведен времен режим кај клучката Арбиново

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре времен режим на сообраќај на автопатот Кичево – Охрид поради санација на коловозот

Македонија | пред 5 дена

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 1 месец

media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања